Општинско Основно Училиште
СВЕТИ ЈОАКИМ КРЧОВСКИ
Крива Паланка
Инклузивно мултикултурно училиште кое ги следи модерните текови на иновативните европски проекти и достигнувања во воспитно-образовниот процес.
За нас
ВИЗИЈА
Училиште како модел на општеството, место каде што учениците ќе научат да создаваат позитивна училишна клима на меѓусебна соработка и почитување, соработка со локалната заедница и меѓународниот фактор, како и следење на модерните текови на новото време, што ќе резултира со автентични и трајни знаења, применливи во новите предизвици на секојдневниот живот.
Од кога постоиме
КРАТКА ИСТОРИЈА
Корените на нашето училиште датираат уште од 1944/45 година кога отпочнала со работа првата генерација на учители која го започнала благодарното дело на едукација и просвета во Крива Паланка и Кривопаланечко. Се до 1953 година нашето училиште работи како неполна гимназија кога се трансформира во осмолетка „Јоаким Крчовски“.
79 Год.
ТРАДИЦИЈА
805
УЧЕНИЦИ
105
НАСТАВНИЦИ
За нас
МИСИЈА НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ
Училиште кое ќе го претставува самиот живот, стимулативна средина во која учениците и вработените со интерес и љубов ќе ги остваруваат своите права и обврски, со еднакви можности за напредок и поголеми достигнувања, преку поддршка на индивидуалниот развој на учениците и професионалниот развој на наставниците и стручните соработници, учество во училишни, локални и меѓународни проекти, како и примена на современа квалитетна настава која ќе биде во чекор со најновите научни достигнувања од сите области на животот.
ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ
Листа на проекти во кои учествуваме
Во рамки на образовните програми преку Програмата Еразмус+
Проектот Мојата мала Европа ќе обезбеди можност за културна интеграција, ќе ја поттикне страста за знаење и учење за познатите личности, ќе ја развие способноста за тимска работа и ќе го развие знаењето за комуникациски технологии. Згора на тоа проектот ќе резултира во донесување заклучоци/препораки за тоа како да се работи со учениците. Препораките ќе бидат развиени врз база на истражување и обсервации. Алатките што ќе ги користат наставниците да ги оценуваат учениците ќе се развиваат врз база на принципите на невродидактика.
Во рамките на Еразмус + проектот, „Една мисија, една визија, еден фокус“-One mission, one vision, one focus, во периодот од 25.11.2019 до 30.11.2019 во Крајова-Романија, беше реализирана првата средба помеѓу партнер училиштата од Романија, Турција, Италија, Полска, Словачка и Северна Македонија.
Програмата „Еразмус” е двигател на модернизацијата на образованието во Европа и има за цел да придонесе за развој на Европа како напредно општество на знаење со одржлив развој, поголема општествена кохезија, подобри работни места и подобри работни искуства за своите граѓани. Со цел постигнување на овие цели, програмата поттикнува размена, соработка и мобилност на наставен и ненаставен кадар, ученици и студенти на подрачјето на Европа.
Фокусот на оваа средба беше запознавање на учесниците во проектот и нови наставни техники и методи во наставата. Темата на мобилноста беше „Мемориски техники“.
Домаќините успеаа да ја претстават својата традиција, култура, историја и образование во текот на нашата посета и да направат сите да се чуствуваат пријатно и добредојдено.
УЧЕНИЧКИ АКТИВНОСТИ
ЕРАЗМУС+
Учествуваме на размени со училишта од други држави во рамки на Еразмус+.
МОЈА МАЛА ЕВРОПА
ЕДНА МИСИЈА ЕДНА ВИЗИЈА ЕДЕН ФОКУС
ИДНИНА
НОВИ НАЧИНИ НА УЧЕЊЕ
НОВОСТИ
НАЈНОВИ ИЗВЕСТУВАЊА
Бидете во тек со најновите настани и случувања поврзани со активностите на училиштето.