За патронот
- Почетна
- За патронот
Со почит кон нашиот патрон
Јоаким Крчовски
Патронот на училиштето, Јоаким Крчовски (1750- 1820) е првиот македонски просветител, кој со своето дело и свештеничката професија бил народен учител и просветител на Македонците во првата половина на XIX век, време во кое ширењето на христијанскиот морал било единствениот начин да се избегне исламизацијата.
Родум најверојатно во Кичево, турски- Крчово (нема точни податоци за неговото раѓање, времето и местото, како ни за смртта), бидејки го носи презимето Крчовски, учителствувал во Крива Паланка и Кратово и со тоа, тој е еден од првите наши манастирски учители.
Крчовски е автор на пет книги кои се пред се со религиозна содржина:
• 1814 – “Слово исказаное заради умирание “
• 1814 – “Повест ради страшнаго и Втораго пришествија Христова”
• 1817 – “Сија книга глаголемаја Митарства”
• 1817 – “Чудеса пресвјатија Богородици”
• 1819 – “Различна поучителна наставленија”
Неговите дела се отпечатени во печатницата во Будим, а поради опасноста од елинизација тие биле силно помогнати и поддржани од македонскиот еснаф.
Денеска сме свесни за огромниот придонес на Јоаким Крчовски во зачувување на нашата вера, морал и постоење.
“Патрону наш, твоето име вечно ќе го славиме!