За нас
- Почетна
- За нас
Општинското основно училиште „Свети Јоаким Крчовски“ се наоѓа во Крива Паланка на ул. „Св.Јоаким Осоговски“ број 139 и зад себе има богата историја и традиција.
Корените на нашето училиште датираат уште од 1945 година, кога е основана Неполна гимназија во Крива Паланка, која во 1953 година се трансформира во осмолетка -„Јоаким Крчовски“ чиј прв директор бил Левко Арсов, со првата генерација на учители кои ќе го започнат благородното дело на едукација и просвета во кривопаланечко.
Во учебната 1960/61 година во општината работат две осмолетки во Жидилово и Крива Паланка во кои се опфатени 3374 ученици од кои во Крива Паланка 948, а во 1974/75 година се бележи нова функционална поставеност на образованието со 13 осумгодишни и 30 четиригодишни училишта со опфатеност на 4698 ученици.
Во 1985 година се извршило окрупнување и рационализација во образованието и Осмолетката „Јоаким Крчовски“ беше трансформирана во централно основно училиште со 11 подрачни училишта, додека во учебната 1995/96 година наставата ЦОУ„Јоаким Крчовски“ ја посетувале 3215 ученици од кои во подрачните училишта 1049.
Со почетокот на учебната 1996/97 година во општината Крива Паланка се врши реорганизација на основното образование и се формираат 3 основни училишта: „Христијан Тодоровски Карпош“ во с. Ранковце, „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ – кое опфаќа 1700 ученици.
Денес ООУ„Јоаким Крчовски“ спаѓа во развиените училишта и ги опфаќа учениците од централното градско подрачје и околните населби и села од источниот и северен дел од градот, а во негов состав работат паралелки и на Основното музичко училиште.Училиштето својата дејност ја остварува со ученици од I до IX одделение во 12 училишни објекти, од кои 3 во градот и останатите во подрачните училишта: с.Дурачка Река, с.Станци, с.Жидилово, с.Узем, с.Дубровница, с.Подржикоњ, с. Луке, с.Огут и с.Нерав.Во подрачните училишта работат и комбинирани паралелки со мал број ученици.
Како современо и модерно училиште ООУ„Јоаким Крчовски“ беше, е и секогаш ќе биде во чекор со времето и современите достигнувања во образованието и ќе се гордее со своите ученици кои се истакнуваат со своите знаења и способности во различни области во животот.
НАШАТА МИСИЈА
Современо образование за учениците од сите етнички заедници, почитувајќи ги индивидуалните потреби на учениците.
Инклузивно училиште
Корените на нашето училиште датираат уште од 1945 година,
Мултикултурно училиште
Училиштето својата дејност ја остварува со ученици од I до IX одделение во 12 училишни објекти, од кои 3 во градот и останатите во подрачните училишта.