Малите одговорни граѓани ја менуваат својата иднина
„2020-2022“

Еразмус + мобилност во Чаковец, Хрватска од проектот “Малите одговорни граѓани ја менуваат својата иднина”

Во периодот од 26 до 31 Мај 2022 година наставници и ученици од нашето училиште го посетија “Второто основно училиште Чаковец” во Чаковец , Хрватска. Во текот на мобилноста учениците се запознаа со образованието, културата и традицијата на Хрватска. Учениците имаа можност да научат да садат цвеќиња, да учат преку QR Code, да ја искажат својата креативност преку разни изработки и да работат во Google Forms. “Посетивме многу места и знаменитости на Хрватска, но она што најмногу им остави впечаток на сите беше Крапинската пештера и музејот посветен на Крапинскиот човек. Таму учениците се потсетија на се она што учеле на училиште за настанокот на човекот и човечкиот вид”. “Little Responsible Citizens Are Reshaping Their Future” е Еразмус + проект во кој ООУ “Јоаким Крчовски” е партнер со училишта од Велика Британија, Турција, Полска, Словачка и Хрватска. “Секоја мобилност носи нови ускуства како за учениците така и за наставниците. Придобивките од програмата Еразмус се многубројни и треба што повеќе да се искористуваат” нагласи координаторот на проектот , професорот по англиски јазик Тања Димитровска-Шкрбиќ.

Еразмус + мобилност во Турција од проектот “Малите одговорни граѓани ја менуваат својата иднина”

“Little Responsible Citizens Are Reshaping Their Future” е Еразмус + проект во кој ООУ “Јоаким Крчовски” е партнер со училишта од Велика Британија, Турција, Полска, Словачка и Хрватска. Во период од 21 до 25 март 2022 година беше одржана првата мобилност за наставници и ученици во Муданиа/ Бурса. На неа присуствуваа 2 наставници и 3 ученика од нашето училиште. Мобилноста беше исполнета со многу поучни и интересни активности за учениците. Темата беше “Справување со елементарните непогоди” и учесниците имаа можност да присуствуваат на обуки за земјотреси, поплави, силни ветрови и лизгање на земјиштето. Учениците го посетија најголемиот центар за обуки во случај на елементарни непогоди АФАД во Бурса, каде ученици од цела Турција доаѓаат и се обучуваат. Исто така учениците научија како сами да засадат зеленчук за да можат сами да си произведат храна, како да направат сирење и јогурт и како се става туршија. Учениците имаа можност да посетат многу знаменитости и да се запознаат со културата, традицијата и кујната на Турција. “Културната размена, новите вештини и стекнатите пријателства се најголемите придобивки од програмата Еразмус” нагласи координаторот на проектот , професорот по англиски јазик Тања Димитровска-Шкрбиќ.