Учениците од нашето училиште активно се вклучија во одбележувањето на 22 Септември – Светскиот ден без автомобили.
Со своите велосипеди, тие испратија порака за значењето на чистата животна средина, здравите навики и одржливиот начин на живеење. 🚲💚
Во одбележувањето се вклучи и училишниот бенд, кој со своите гитари ја збогати атмосферата и преку музиката даде поддршка на оваа важна иницијатива. 🎸🎶

Со велосипед, музика и позитивна енергија – за почиста и поздрава иднина! 🌍💚