По повод Меѓународниот ден на знаковните јазици, денес во училишната библиотека беше реализирана кратка едукативна презентација и интерактивна активност со учениците.

Учениците се запознаа со различните начини на комуникација – говорна 🗣️, пишана ✍️ и знаковна 👐, како и со значењето на гестовите, изразите на лицето и погледот.

Преку активноста „Кажи без зборови“ 🎭, учениците покажаа дека можеме да комуницираме и без зборови.

🎯 Активноста беше збогатена со интерактивен квиз:
„23 септември – Ден на знаковните јазици“
👉 https://www.wordwall.net/resource/119437221?wwmethod=link

Учениците од ПУ с. Нерав реализираа креативна и едукативна активност посветена на значењето на знаковниот јазик како средство за комуникација, разбирање и поврзување меѓу луѓето.

Преку игра, практична работа и креативно изразување, учениците изработуваа раце од хартија и ги користеа за претставување на знаци и пораки. Со внимателно сечење, обликување и поставување на рацете, тие создадоа интересни визуелни прикази инспирирани од знаковната азбука.

❤️ Комуникацијата нè поврзува – секој начин на изразување е важен!