
🎨Семејството низ детските очи
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на семејството, учениците учествуваа во креативни ликовни работилници на тема „Семејството низ детските очи“. 🖌️ Преку своите цртежи, децата изразија 💖 љубов, 😊 радост и 🔥 топлина – вредности што ги поврзуваат со нивното семејство.
Учениците во своите училници организираа 🖼️ изложби на цртежи, кои претставуваат искрен и шарен приказ на тоа како најмладите ја доживуваат важноста на семејството во нивниот живот.
🎯Активноста имаше за цел да ја поттикне емпатијата, благодарноста и почитта кон најблиските, кон семејството.