Учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“- Крива Паланка го истражуваа кодирањето преку micro:bit, пиксел арт, музика и математички предизвици – спојувајќи технологија и креативност во процесот на учење.

Од 11 до 26 октомври 2025 година, нашите ученици активно се вклучија во Европската недела на кодирањето (EU Code Week 2025) и имаа можност да станат мали програмери и креатори.

Преку низа креативни и забавни активности — од пиксел арт декодирање, сензорни игри за ранливите групи, до mikro:bit програмирање — учениците го истражуваа светот на технологијата и кодирањето.

Се запознаа со концептот на кодирање преку решавање математички проблеми и низи, препознавање на правила, кодирање на македонската азбука, како и со следните тематски активности:

🌿Coding Is Fun!/ Кодирањето е забавно!

💡 „Let’s Code Food!
🎨 „Кодирање со бои и бројки
🔤 „Дешифрирање на код: Македонска азбука“Coding Is Fun!/ Кодирањето е забавно!
🔎 „Криенка со кодови
🌿 „Coding in Space for the Climate Change / Кодирање во вселената за климатските промени
🎶 „Кодирање на ритамски шеми – програмирај ја музиката
🎵 „Micro:bit encoding of musical works / Микробит кодирање на музички дела
🍂 „We Code Offline on the Subject of Autumn / Кодирање офлајн на тема есен
🎼 „Micro:bit encoding of the Macedonian Folk Song / Микробит кодирање на македонска народна песна
🎧 „Недела на кодирање со музика“ – музичка верзија на Морзов код со ноти

🌍 Во духот на соработката, ги прославивме и ЕразмусДеновите (13–18 октомври) со заеднички, инспиративни активности.

✨ Нашите ученици покажаа дека кодирањето не е само технологија – тоа е јазик на иднината, логика, уметност и забава во едно!