На спортскиот терен за атлетика се одржаа натпреварите во:
✨ Спринт на 50 метри
✨ Скок во височина
✨ Скок во далечина
за учениците од VI до IX одделение, во машка и женска конкуренција.
Следеше и Општинскиот крос по прекрасната патека покрај кејот на Крива Река, во кој учествуваа ученици од I до IV година од средното образование.
Голема чест е што заедно настапија учениците од:
🏫 ООУ „Св. Јоаким Крчовски“
🏫 ООУ „Илинден“
🏫 СОУ „Ѓорче Петров“
Честитки за сите натпреварувачи за нивниот спортски дух, труд и одлични резултати! 👏💙
Општина Крива Паланка продолжува да го негува спортот, другарството и здравите навики кај младите!