📚Денес, во училишната библиотека, се одржа свечено доделување на дипломи за најуспешните ученици на натпреварот на тема „Убаво пишување на нотен текст“. На натпреварот учествуваа ученици од I до VI одделение од музичката паралелка, кои покажаа вештини, прецизност и креативност во запишувањето на нотен текст.

🎯Целите на натпреварот беа:

  • ✍️Поттикнување на учениците да стекнат и усовршат вештини за јасно, читливо и правилно нотирање;
  • 🎶Развивање на музичката писменост и внимание кон деталите во музичкото изразување;
  • 🌟Стимулирање на интересот за музичката теорија и нејзината практична примена;
  • 🥇Препознавање и наградување на трудот и ангажманот на учениците.

👏Настанот беше топло дочекан од страна на учениците, родителите и библиотекарките , кои ги поздравија вложениот труд и ентузијазам на младите музичари.