На 2 мај 2025 година беше реализиран еднодневен пролетен излет за учениците од нашето училиште. ![]()
![]()
Учениците од I до V одделение беа на Градскиот стадион, каде учествуваа во разни спортски активности: трчање, играње со топка и други забавни рекреативни игри. ![]()
![]()
Учениците од VI до IX одделение го посетија Манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, каде се едуцираа и уживаа во природата. ![]()
Излетот беше планиран и реализиран согласно Годишната програма за работа на училиштето, со цел:
да се обезбеди физичка активност
да се поттикне образовна и културна едукација
да се стимулира развојот на тимскиот дух и соработката меѓу учениците