Денес во нашето училиште ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка го одбележавме Светскиот ден на јаболкото! Учениците уживаа во есенска креативна работилница, полна со бои, природни материјали, насмевки и вкусни јаболка.

Преку игри, разговори и изработки, децата научија колку е важно јаболкото за здравјето и зошто свежата и природна храна е најдобар избор за секој ден.

🍏 Ако сакаш да бидеш здрав како дрен – јади барем едно јаболко на ден! 🌿