Денес се одржа општинскиот натпревар по пијано и хармоника, организиран од Здружението на музички и балетски педагози на РМ (МБП).
Со огромна гордост и радост ги споделуваме извонредните резултати од натпреварот, каде нашите млади музичари блеснаа со својот талент, труд и посветеност!
Нашите ученици се закитија со први награди , потврдувајќи дека љубовта кон музиката и континуираната работа носат врвни успеси.
Честитки до наградените ученици и нивните ментори:
Пијано:
Уна Златановска – I награда (100 поени)
Михаил Митровски – I награда (99.6 поени)
Мила Младеновска – I награда (99.3 поени)
Ментор: Лариса Жулина-Митовски
Хармоника:
Јован Јосимовски – I награда (100 поени)
Павел Јосимовски – I награда (100 поени)
Ментор: Дејан Ангеловски