📅На 30 мај 2025 година, во просториите на Европската куќа во Крива Паланка, се одржа училишен Идеатон на тема „Одржливо земјоделство“, со учество на ученици од 6 до 9 одделение.

📚Настанот беше организиран како дел од Еразмус+ проектот „Green Agripreneurs of Future“ (2023-1-TR01-KA220-SCH-000160173), чија главна цел е да ги поттикне младите да развиваат иновативни и одржливи решенија во земјоделството.

🔍Идеатонот беше насочен кон теми како:

  • 💧рационално користење на вода,
  • 🌊системи за наводнување „капка по капка“,
  • ☔собирање и искористување на дождовница,
  • 🌾примена на еколошки методи во агрокултурата.

👩‍🎓👨‍🎓Учениците беа поделени во тимови и работеа со огромна мотивација и креативност. Преку тимска соработка, истражување и презентации, тие ги разработија своите идеи и ги претставија на крајот на настанот преку:

🛠️ модели
🖼️ постери
💻 PowerPoint-презентации
🎮 Kahoot-квиз

💡Идеите што произлегоа од Идеатонот се доказ дека младите размислуваат одговорно и визионерски кога станува збор за заштита на животната средина и еколошка одржливост. Настанот придонесе за развивање на иновативно размислување, критичка свест и претприемачки дух кај учениците.

Со овој Идеатон, учеството во Еразмус проектот доби и практична димензија, а учениците покажаа дека се вистински агропретприемачи на иднината.

🌍 Одржливо земјоделство започнува со едуцирани, креативни и свесни млади – иднината е во нивни раце!