На 28.10.2025 година, во Европската куќа – Крива Паланка се одржа првото „Даскалско кафе“ на тема Интерактивни методи за активни ученици, организирано од Клубот на наставници. Настанот го модерираше наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“.
Околу 25 наставници од основните и средните училишта од Крива Паланка и Ранковце споделија креативни идеи и добри практики за примена на играта и интерактивните алатки во наставата. Преку примери со „WordWall“, „LearningApps“ и „Kahoot“, учесниците дискутираа како активноста, соработката и креативноста кај учениците можат да се поттикнат на едноставен и инспиративен начин. Настанот ги обедини наставниците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“, ООУ „Илинден“, ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“ и СОУ „Ѓорче Петров“, покажувајќи дека иновативната настава се гради преку споделување и соработка. Следната средба ќе биде посветена на дигиталните алатки и креативната мотивација на учениците. Преку „Даскалско кафе“, наставниците поставуваат нови стандарди во професионалниот развој и училишната заедница.
Следната средба ќе биде посветена на дигиталните алатки и креативната мотивација на учениците. Преку „Даскалско кафе“, наставниците поставуваат нови стандарди во професионалниот развој и училишната заедница.
