Нашето училиште ООУ”Свети Јоаким Крчовски” – Крива Паланка, по повод Патрон празникот објавува литературен конкурс за избор на најдобра литературна поетска творба на тема: ”УЧЕЊЕТО Е БЕСКРАЈНО ПАТУВАЊЕ”.
Поетските творби треба досега да не бидат објавувани,ниту превземени од некоја веб страница.Секоја поетска творба да биде со име, презиме,одделение и ментор.
Право на учество имаат сите ученици од I-IX одделение од ООУ”Свети Јоаким Крчовски”-Крива Паланка.Сите ученици творби да ги предадат на своите ментори, кои пак најдоцна треба да ги достават на комисијата до 15.05.2025 година.
Директор: Анета Стојковска