Во пресрет на Меѓународниот ден на жената-8-ми Март, училниците се претворија во мали креативни ателјеа исполнети со радост и инспирација.
Учениците читаа, пишуваа, цртаа, сечеа и лепеа, создавајќи уникатни честитки. Преку овие активности ја развиваа прецизноста, трпението и својата креативност.
Резултатот од нивната работа се прекрасни честитки за 8-ми Март, изработени со внимание и љубов – како знак на благодарност до мајките, бабите и сите значајни жени во нивните животи.