По повод Детската недела, учениците од VIII одделение при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка имаа можност да се вклучат во забавен и поучен Kahoot квиз на тема детски права. Целта на играта беше да ги поттикнеме учениците да ги запознаат своите права, да ги разберат основните принципи за безбедност, образование, здравје и учество во општеството, но и да се забавуваат во исто време.
Квизот се состоеше од 10 прашања со четири одговори, при што секое прашање им даваше можност на учениците да размислуваат, дискутираат и учествуваат активно. На овој начин учениците учеа низ игра, се мотивираа едни со други и зајакнаа чувство на заедништво и почитување на правата на секое дете.
Оваа интерактивна активност не само што ги збогати нивните знаења за детските права, туку создаде и атмосфера на соработка, радост и позитивна енергија во училницата.
🌐 Пробајте го квизот и вие на следниот линк: Kahoot квиз – Детски права