Денес учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“- Крива Паланка учествуваа на маскенбалот организиран од Општина Крива Паланка, по повод 1 Април – Денот на шегата.

Настанот помина во весела и креативна атмосфера, исполнета со смеа, музика и многу интересни маски. Учениците се претставија со оригинални и впечатливи креации, покажувајќи ја својата фантазија, креативност и вложен труд.

Маскенбалот претставуваше одлична можност за дружење, забава и поттикнување на креативноста кај децата, а воедно придонесе за создавање убави спомени и позитивна енергија.

🏆 Наградени маски:

Најкреативна маска – групната маска на III-5 одделение „Екипата на Стоби Флипс“, ментор Елена Николовска
Најпрвоаприлска маска – групната маска на II-1 одделение „Весели овчички“, ментор Слаѓана Здравковска
Најзабавна маска – групната маска на IV-2 одделение „Дворски шутови“, ментор Сузана Ѓоргиевска

Им благодариме на Општина Крива Паланка за организацијата, како и на сите учесници кои го направија овој настан незаборавен. ✨