Ученици од нашето училиште беа дел од активности за одбележување на Меѓународниот ден за побезбеден интернет во рамките на иницијативата Недела на информатика.

Учениците стекнаа знаења и вештини за побезбедно користење на интернетот на иновативен начин со примена на интерактивна игра за сајбер-безбедност, изработена како слободен ресурс во рамките на проектот „Практично учење преку симулација на игра за подобрување на вештините за сајбер-безбедност“.

Безбедноста на интернет е од клучно значење, а преку вакви иновативни методи ги подготвуваме нашите ученици да бидат одговорни и свесни дигитални граѓани.

Меѓународниот ден за побезбеден интернет промовира побезбедна и поодговорна употреба на онлајн технологијата од страна на децата и младите ширум светот.

Овогодинешното издание на Меѓународниот ден за побезбеден интернет се одржува на 11 февруари 2025 година, со тема „Заедно за подобар интернет“ (“Together for a Better Internet”). По тој повод ќе се одржат низа настани низ целиот свет.

https://unilatina.edu.co/casino/index.html