
Младите франкофони од нашето училиште, под менторство на проф.Елена Николовска, блескаа на сцената на националниот франкофонски спектакл кој се одржа на 26 март 2026 година во Куманово, во организација на фондацијата Бел Идеал.
120 ученици од 19 училишта од Македонија, пееја , рецитираа, танцуваа и глумеа на француски јазик пред бројната публика.
Ни претставува посебна чест што нашите франкофони Ива Стојановска од 9-5 одд и Симеон Ристовски од 9-5 одд го водеа овој прекрасен франкофонски настан заедно со г-ѓа Валентина Жаке ( Valentina Jacquet ) од Луксембург.
Голема благодарност до фондацијата Бел Идеал и г-ѓа Јадранка Бојковска Бенрејдал за укажаната можност да бидеме дел од оваа франкофонска приказна.