На 9 април 2025 година, младите франкофони од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка пееја, глумеа, свиреа и танцуваа на третата Национална франкофонска вечер што се одржа во Свети Николе.
✨Настанот беше организиран од фондацијата „Бел Идеал“ од Париз, а присуствуваа Претседателката на Република Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска Давкова, и амбасадорот на Франција, Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер.
🎤🎼 Чест и гордост е да се биде дел од ваков настан што ја слави франкофонијата и ученичката креативност!
Ментор: Елена Николовска