На 27 и 28 септември 2025 година во Струга се одржа Седмата меѓународна Едуконференција, која обедини повеќе од 350 наставници и експерти од областа на образованието и технологијата.

Нашите наставници имаа можност да присуствуваат на предавања од меѓународни и локални експерти за вештачка интелигенција, како и на презентации што ја нагласуваат нејзината практична примена во наставата.

Конференцијата со наслов „Unlocking AI: Innovate, Integrate, Inspire!“ беше организирана од Невладината организација „Пријатели на образованието“, со институционална поддршка од Педагошкиот факултет при Универзитетот во Тетово и други педагошки факултети од земјава.

Програмата опфати предавања, панел-дискусии, презентации на алатки со вештачка интелигенција подготвени од студенти, како и излагања на реномирани професори, експерти и практичари од повеќе европски земји.