
Во февруари, љубителите на пишаниот збор и францускиот јазик имаа можност да учествуваат на натпреварот по изразно читање на француски јазик организиран од страна на Францускиот институт од Скопје. Младите франкофони, Ива Стојановска од 8-5 одд и Симеон Ристовски од 8-5 одд од ООУ “Свети Јоаким Крчовски ” – Крива Паланка под менторство на професор Елена Николовска, учествуваа на овој натпревар при тоа истакнувајќи ги своите јазични вештини на француски јазик. Симеон рецитираше извадок од поемата “Aimons toujours! Aimons encore” од Виктор Иго додека пак Ива ја одбра приказната за Црвенкапа при што и двајцата имаа извонредни настапи.