
На 05.05.2025 година, на спортскиот терен во училишниот двор при ООУ “Свети Јоаким Крчовски”, се одржа натпревар по прва помош во организација на Црвениот крст, Општина Крива Паланка.
Во натпреварот учествуваа шест екипи младинци и подмладок, кои покажаа извонредни вештини и знаења. Нашето училиште гордо зема учество во категоријата подмладок под менторство на наставничката Маја Златковска. Екипата се состоеше од шест члена, сите ученици од 7 одделение: капитен
🥇 Лара Ѓеорѓиевска и членови
🥇Јоана Илиевска,
🥇 Давор Ѓорѓиевски,
🥇 Глорија Стојмировска,
🥇Исидора Лековска и
🥇Никола Ѓорѓиевски.
Со големо задоволство и гордост, нашата екипа го освои првото место, освојувајќи златен пехар 🏆и златни медали 🥇за секој учесник. Овој успех е резултат на нивната посветеност, тимска работа и одлично водство на наставничката Златковска.
Честитки до сите учесниците за нивниот труд и постигнување! Ова е само почеток на нивните идни успеси!