Први септември е еден од најубавите денови во годината – ден на радост за родителите и ден исполнет со возбуда за учениците.

Денес нашето училиште повторно процвета со најубавите и најшарени цветови – нашите најмали ученици, првачињата.

🌸 Со гордост, љубов и голема среќа им велиме: Добро ни дојдовте! 🍀

Свечената приредба го исполни училишниот двор со насмевки, среќа и радост. Детските очи заблескаа од возбуда, а нивната ведрина и искрена радост внесе нова енергија и топлина за почеток на уште една успешна и исполнета училишна година.

🍀Им посакуваме на сите ученици радосен и успешен почеток!