
Со големо задоволство го споделуваме успехот на традиционалниот Новогодишен базар 2024/25, кој се одржа на 27 декември 2024 година на Градскиот плоштад.
„Новогодишниот базар“ привлече голем број посетители, кои имаа можност да уживаат во:
- Рачно изработени новогодишни украси и декорации од нашите талентирани ученици.
- Креативни честитки, кои ги украсија домовите на многу семејства.
Голема благодарност упатуваме до сите кои учествуваа во организирањето и спроведувањето на овој прекрасен настан – учениците, наставниците и родителите. Вашиот труд и ентузијазам придонесоа да создадеме незаборавни моменти.
Слики од настанот може да погледнете на следниот линк: Погледнете ја атмосферата на традиционалниот Новогодишен базар 2024/25