По повод Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, учениците од IV-2 одделение, заедно со одделенскиот раководител Јагода Ангеловска, го посетија Градскиот музеј. Во рамки на посетата, тие учествуваа во креативната музејска работилница „Го сликаме музејот“, каде што имаа можност да ги истражат и прикажат избраните музејски предмети преку различни ликовни техники.

Секој ученик на свој уникатен начин го долови музејот преку својот цртеж, внесувајќи личен печат и имагинација. Најуспешните творби беа наградени со симболични подароци, а награда добија и сите учесници – како признание за нивната креативност и ангажираност.

Работилницата се одвиваше во позитивна и инспиративна атмосфера, оставајќи зад себе мноштво прекрасни цртежи што сега го красат нашиот простор како спомен на една убава средба помеѓу децата и културното наследство.