Со голема радост и гордост, нашето училиште го одбележа патрониот празник – Свети Јоаким Крчовски, првиот македонски просветител. По тој повод, на 21.05.2025 година се одржа пригодна приредба подготвена од учениците и наставниците, на која се прослави животот и делото на овој велик учител и народен просветител.

📜Програмата беше исполнета со рецитали, драмски изведби и музички точки, кои ги пренесоа вредностите на љубовта кон знаењето, јазикот и традицијата.

Advertisement

✨Настанот помина во свечена и радосна атмосфера, а присутните имаа можност да уживаат во креативноста и трудот на учениците.

🎉Нека ни честит Патрониот празник!

Ви ја претставуваме презентацијата изработена во чест на патрониот празник на нашето училиште – ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, кој го одбележуваме на 23 мај 2025 година.

Проследете ја на следниот линк и заедно да го одбележиме овој значаен ден:

https://edushare.ing/vv