По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка се приклучија кон светската кампања за подигнување на свесноста, прифаќањето и поддршката за лицата со попреченост.
Преку разговори, пораки и творечки активности, учениците испратија силна и хумана порака за еднаквост и инклузија. Тие создаваа цртежи и напишаа мотивирачки мисли, потсетувајќи дека:
„Разлики има, но убавината е во различноста. Ако сме сложни и си помагаме, ќе создадеме свет во кој секој е прифатен.“
Активностите завршија со заедничка инспиративна порака што ги обедини сите ученици:
🌞 „НИЕ СМЕ СВЕТОТ – СИТЕ ПОД ИСТО СОНЦЕ РАСТЕМЕ.“
Со ова одбележување, нашето училиште уште еднаш ја потврди посветеноста кон инклузивно, хумано и поддржувачко училишно опкружување, каде секое дете има свое место, право и вредност.
На следниот линк можете да ја погледнете дигиталната книга, изработена од учениците по повод 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост: