Учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка активно се вклучија во одбележувањето на Месецот на книгата (15 октомври – 15 ноември).

Во духот на промовирањето на писменоста и значењето на пишаниот збор, тие ја посетија училишната библиотека, каде што реализираа низа активности насочени кон поттикнување на читачките навики и развивање позитивен однос кон книгата.

📚 Погледнете ја нашата дигитална книга: МЕСЕЦ НА КНИГАТА 2025