📅 22 март – ден кога целиот свет преку различни активности го одбележува Светскиот ден на водата.

🌍 Оваа година, мотото е: ✨ „Зачувување на глечерите“ ❄️

🏫 Нашето училиште традиционално се вклучи во одбележувањето.
🎨📊 Учениците од четврто одделение, под менторство на проф. Елена Митевска-Давидовска, професорка по англиски јазик, подготвија цртежи и презентации за значењето и заштитата на водата.

💡 Преку оваа активност се истакна:
✅ Важноста на водата како извор на живот 💦
✅ Нејзиното рационално користење 🔄
✅ Зачувувањето на чистата околина 🌱

📌 На следниот линк можете да ги погледнете цртежите: линк

💧 Водата е богатство и одговорност – да ја чуваме! 💙