Учениците од ПОУ „Св. Јоаким Крчовски“ – с. Подржикоњ, на креативен начин го одбележаа 7 Април – Светскиот ден на здравството.
Преку своите цртежи и ликовни творби, тие ја изразија својата почит и восхит кон медицинските лица – нашите херои во бели мантили. На овој начин, децата ја истакнаа важноста на најхуманата професија во светот, која секојдневно се грижи за нашето здравје.
Честит празник, наши херои!