На ден 19.03.2026 година, во нашето училиште беше одржана едукативна работилница на тема „Превенција од злоупотреба на алкохол, никотин и дрога“, на која учествуваа ученици од деветто одделение.

Работилницата беше реализирана од страна на Виолета Илиевска -инспектор по превенција при РЦ за ГР Исток, Лидија Младеновска – помошник командир од ПС за ГП и ГН Деве Баир, Роби Давидовски- заменик командир од ОВР Крива Паланка и двајца инспектори по дрога од НККР Крива Паланка како и двајца претставници од Црвен Крст – Крива Паланка.

Учениците беа запознаени со последиците од употребата на наркотични супстанци, како и со законската рамка поврзана со нивното користење. Преку отворена дискусија и едукативен пристап, тие имаа можност да поставуваат прашања, да споделуваат мислења и да добијат корисни информации за ризиците и штетните влијанија од алкохолот, никотинот и дрогата.

Во рамки на работилницата, од страна на претставниците на Црвениот крст беа поделени и едукативни флаери, со цел подигање на свеста кај младите за значењето на здравите животни навики.

Работилницата се одржа во соработка со Стручната служба при училиштето, а учениците покажаа голем интерес, активност и вклученост во текот на целиот настан.