
На 30.04.2025 година во матичниот објект на ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка беше успешно спроведена вежба за евакуација во случај на елементарна непогода, пожар.
🧑🏫 На одделенскиот час учениците се запознаа со планот за евакуација поставен во секоја училница.
🔔 По дадениот сигнал (долго испрекинато ѕвонче), учениците и вработените организирано се евакуираа кон однапред определеното безбедно место во училишниот двор.
✅ Вежбата помина успешно, со почитување на сите безбедносни мерки и насоки.