На ден 18.12.2024 година од страна на претставници од Полициска станица-Крива Паланка оддел за превенција со учениците од 6 одделение беа одржани предавања на тема „Детска радост и тага“ и „Сајбер насилство“. Целта на овие предавања беше учениците да се запознаат со последиците и правната рамка од користењето од петарди и пиротехнички средства и последиците од несовесното користење на социјаните мрежи(посебно социјалната мрежа Тик Ток). Учениците активно слушаа, учествуваа со прашања и добија повеќе информации за горенаведените теми.