На ден 14.02.2025 година (петок), претседателите на Ученичкиот парламент од сите одделенија од четврто до деветто одделение и психолозите Марина Јакимовска Митовска и Викторија Груевска од  нашето училиште ‘’Свети Јоаким Крчовски’’ ја посетија сензорната соба и училишната библиотека кои се наоѓаат во училишната зграда Партизан. Оваa посета беше од големо значење, пред се од образовно-едукативен карактер, затоа што  учениците се запознаа со  опремата со која е снадбена сензорната соба, со каков материјал, за што се употребува, за што служи и на кој начин влијае на децата со посебни образовни потреби.  При посетата на училишната библиотека учениците беа срдечно пречекани од страна на библиотекарите со топол чај, каде што се запознаа со интересни информации за учествата на натпреварите за библиотекари, за постигнатите резултати досега и за секциите кои се организираат од нивна страна.