Преку меѓусебна соработка, учениците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – подрачното училиште во с. Жидилово реализираа низа активности по повод одбележувањето на Денот на пролетта.

Активностите вклучуваа изработка на украси и цветови од еко-материјали, со кои беа украсени прозорците во ходникот и училниците, внесувајќи свежина, боја и пролетна радост во училиштето. 🌼