Учениците од училишниот оркестар при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“-Крива Паланка, под менторство на проф. Лариса Жулина-Митовски, освоија прва награда на меѓународниот натпревар по пијано Art In во Кавадарци. 🎹

Нивната посветеност, музикалност и тимска енергија беа препознаени и наградени од стручното жири, а овој успех е уште една потврда за квалитетната работа и талентот што се негува во нашето училиште.

Браво за сите учесници! Ви посакуваме уште многу вакви успеси и блескави настапи во иднина! 🌟