По повод 20 ноември – Светскиот ден за правата на детето, во училиштето беше реализирана работилница со ученици од VI до IX одделение, под менторство на наставничката Христина Илиевска. Акцентот беше ставен на заштитните права и борбата против различни форми на насилство.
Учениците се изразија преку креативни пораки и симболи/цртежи кои испраќаат јасна порака за ненасилство, почитување и заштита на секое дете. Работилницата придонесе за подигање на свеста и поттикнување на емпатија и одговорност кај младите.