На 9 октомври 2025 година, наставниците од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка активно учествуваа на стручна и инспиративна работилница посветена на професионалниот развој и важноста на меѓусебната поддршка и соработка меѓу колегите.
Работилницата ја водеше наставничката Лариса Жулина-Митовски, која со своето излагање ги поттикна наставниците на дискусија, размена на идеи и планирање на идни активности.
Темите опфатија:
Членување во Здружението на одделенски наставници – ЗОН
Учество на 2-рата конференција „Менталното здравје кај децата и младите“
Одбележување на светски денови