На ден 25.02.2025 г. со учениците од IX-3, IX-4 и IX-5 одд. и на ден 26.02.2025 г. со учениците од IX-1 и IX-2 одд. беа одржани работилници на тема „Сајбер насилство, врсничко насилство и јавен ред и мир“. Работилниците ги држеа претставници помошник командир за превенција при ОВР Крива Паланка Зоран Николовски и помошник командир од ПО за ГП и ГН „Деве Баир“ Лидија Младеновска а во соработка со Стручната служба од училиштето. На работилниците присуствуваа вкупно 82 ученика. Учениците соработуваа, беа заинтересирани и воедно се потсетија и на поимите сајбер насилство, врсничко насилство, за тоа како да го препознаат и каде да се обратат за помош доколку им се случи такво нешто. Тие беа запознаени и со последиците доколку самите тие вршат сајбер насилство и врсничко насилство.  Исто така научија што е јавен ред и мир, како да се однесуваат кога се надвор, што треба и што не треба да прават а беа запознаени и со казните и последниците за непочитување на јавниот ред и мир.