На ден 28 март 2025 година се одржа Регионалниот натпревар по биологија. Натпреварот се реализираше онлајн, во просториите на нашето училиште, под организација на Младинското биолошко друштво (МБД).

Од нашето училиште учествуваа вкупно 9 ученици од VII, VIII и IX одделение, кои постигнаа забележителни резултати:


VIII одделение

Ментор: Светлана Младеновска
🏅 Андреј Младеновски – втора награда
🥉 Мила Димитриевска – трета награда
🥉 Лео Станојковски – трета награда


VII одделение

Ментор: Данијела Ѓоргиевска
🥉 Драгана Давитковска – трета награда
🥉 Никола Ѓоргиевски – трета награда
🎖 Исидора Лековска – пофалница


IX одделение

Ментор: Данијела Ѓоргиевска
🥉 Ива Стојчевска – трета награда
🥉 Матеја Стефановска – трета награда
🥉 Луна Тодоровска – трета награда


✨ Учениците постигнаа одличен успех, а Андреј Младеновски од VIII одделение се пласираше за учество на Државниот натпревар по биологија.