
На 28 март 2025 година, во просториите на СОУ „Гоце Делчев“ во Куманово се одржаа регионалните натпревари по француски јазик за осмо и деветто одделение – Олимпијади, на кои учествуваа ученици од североисточниот регион на Македонија.
На натпреварите учествуваа ученици од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка:
📌 Осмо одделение:
- Ива Стојановска (8-5)
- Симеон Ристовски (8-5)
- Матеа Јовановска (8-5)
- Стефана Јакимовски (8-5)
📌 Деветто одделение:
- Лука Петковски (9-5)
Учениците, под менторство на проф. Елена Николовска, покажаа солидни знаења и јазични вештини по француски јазик, претставувајќи го училиштето со посветеност и ентузијазам.
Честитки за сите учесници! 🎉