
Учениците од нашето училиште активно го одбележаа 2 Февруари – Светскиот ден на читањето. Читањето придонесува за постигнување успеси во училишните задачи, како и за стекнување соодветни знаења и вештини.
Со оваа активност се работи на превенција од појава на тешкотии при читањето, како што е дислексијата, особено во современото дигитално време, кога печатените книги сè почесто се запоставуваат.
Книгата е во центарот на вниманието на детето и претставува извор на знаења, корисни и возбудливи искуства. Дружењето со книгите и читањето го збогатуваат речникот на најмладите и го зголемуваат нивниот фонд на знаења, бидејќи она што го читаат можат да го поврзат со тоа што го гледаат и слушаат околу себе.