
По повод 2 Април – Светскиот ден на свесност за аутизмот, во нашето училиште се реализираа повеќе активности во рамки на Неделата за прифаќање и подигнување на свеста за аутизмот. Учениците реализираа повеќе активности посветени на Светскиот ден на свесност за аутизмот.
Активности:
Разговор за аутизмот
Како да се однесуваме со другарчињата кои имаат аутизам
Вклучување на сите другарчиња во активностите
Изработка на едукативни материјали
Изработка на плакат со отпечаток од сите деца
Симболична вежба за сличностите и разликите меѓу децата
Посебен белег беше даден на следните искази:
„Доколку видиш дека сум вознемирен, повикај ја наставничката.“
„Подобро ќе научам ако ми покажеш како се прави тоа, отколку да ми објаснуваш со зборови.“
Сите деца на овој свет се деца, секое со своите сличности и различности. Секое дете заслужува да биде среќно!