Со голема гордост ги претставуваме првенците на генерацијата од 9 одделение во ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ – учениците Горјан НиколивскиАлександар Сандевски и Николина Дојчиновска.

Овие ученици се истакнаа со својата посветеност, труд и одлични резултати во текот на основното образование. Тие не само што постигнаа висок просек, туку беа и активни учесници во различни проекти, натпревари и училишни активности.

На свеченоста по повод завршувањето на учебната година, првенците добија дипломи и пригодни подароци како симбол на признание за нивниот успех.

Им честитаме од срце и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина! 🌟