Нашето училиште е избрано како едно од 12-те училишта-учесници во проектот „Код за иднината – Центар за вештачка интелигенција и дигитални вештини“, кој се реализира со поддршка на европската иницијатива EU Code Week 2025.

Што опфаќа проектот?

Проектот има за цел унапредување на дигиталните компетенции на наставниците и учениците :

• Обуки и работилници за наставниот кадар за примена на кодирање и вештачка интелигенција во наставата;

• Интерактивни часови за учениците со фокус на дигитална писменост и алгоритамско размислување;

• Вмрежување и размена на добри практики со други училишта.

Прва реализирана работилница

На 03.02.2026 година се одржа првата работилница за наставници, под менторство на Лариса Жулина-Митовски, на која беа дефинирани чекорите за имплементација на проектот и беше претставена алатката Song Maker.

Креативно кодирање: „Моја музика, мој код“

Преку платформата Chrome Music Lab, учениците учат дека музиката и кодирањето се поврзани – секој тон е код, редоследот создава алгоритам, а секоја промена носи нов музички резултат.

Со овој проект, ООУ „Свети Јоаким Крчовски“- Крива Паланка продолжува активно да инвестира во дигиталната иднина на своите ученици.