На 20.02.2026 година, во просториите на СОУ „Ѓорче Петров“, се одржа општинскиот натпревар по хемија. На натпреварот учествуваа нашите вредни ученици од седмо одделение, кои покажаа одлични познавања во оваа природна наука.
Од вкупно 30 можни поени, нашите ученици ги постигнаа следните резултати:
- Бојана Младеновска (7-4) – 28 поени
- Петар Стаменковски (7-4) – 28 поени
- Исто така, на натпреварот Јован Ѓорѓиевски (7-5) постигна солиден резултат.
Горди сме што можеме да објавиме дека учениците Бојана Младеновска и Петар Стаменковски ги освоија првите награди во својата категорија. Со овој успех, тие обезбедија директно учество на претстојниот регионален натпревар.
Честитки за учениците и за нивниот ментор, Елеонора Давитковска, за вложениот труд и постигнатите резултати. Им посакуваме многу среќа и успех во следната фаза од натпреварувањето!