Во рамки на настанот „Green Agripreneurship Event: Project Results & AgripreneurKids Platform“, одржан во Europe House – Крива Паланка, беше реализирана интерактивна работилница посветена на зеленото претприемништво и одржливото земјоделство.
Работилницата беше дел од дисеминациските активности на Erasmus+ проектот „Green Agripreneurs of Future“, во кој партнер училиште е ООУ „Свети Јоаким Крчовски“, со фокус на презентација на едукативната дигитална платформа AgripreneurKids, наменета за развој на зелени и претприемачки компетенции кај учениците.
На настанот учествуваа претставници од основни училишта од Крива Паланка и Ранковце, како и од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, при што преку дискусија беа разгледани можностите за интеграција на зелените теми и дигиталните алатки во наставата.
„Преку современи дигитални платформи и проектно учење ги мотивираме учениците да размислуваат еколошки и претприемачки. AgripreneurKids е одлична алатка за поврзување на образованието со одржливиот развој,“ изјави координаторката наставник Габриела Стојановска.